Факултетски шаховски клуб – Прва средба
Првата средба и неформалното формирање на факултетскиот шаховски клуб се одржа на 22.12.2025 година. На средбата присуствуваа девет студенти, при што беа одиграни неколку партии шах во пријатна и колегијална атмосфера.
За време на средбата беше накратко презентирана идејата и визијата за функционирање на клубот, како и неговата улога во поттикнување на дружењето, логичкото размислување и шаховската култура меѓу студентите. Дополнително, беше договорено следната средба да се одржи по завршувањето на јануарските и февруарските испити и колоквиуми.





Proudly powered by WordPress
