Kонференцијата Science@FEIT e посветена на промовирање на научно- истражувачката дејност кај студентите преку демонстрација на интересни и применливи истражувања, трудови и дискусии од реномирани научници, професори и ФЕИТ алумни.

Нашата цел е преку овој настан да го стимулираме академското развивање кај младите, да овозможиме социјализација и подобрена комуникација помеѓу сите генерации на академски граѓани, додека демонстрираме симбиоза помеѓу длабоката наука, свежите умови и отменоста.

Овогодинешното издание ќе се одржи на 9 и 10 мај, со почеток во 09:00, во просториите на хотелот Double Tree by Hilton, Skopje и просториите на ФЕИТ.