Идејата е да се направи веб складиште кое ќе ги содржи сите дипломски проекти на студентите. Дополнтелно, секој ќе може да објави што има сработено по некој предмет или што има сработено надвор од факултетот.

Свесни сме дека ова може да ја олесни средина за плагијаторство, но уверени сме дека придобивките од вакво складиште се поголеми.

  1. Ако знаеш дека твојот проект ќе биде објавен на страна каде сите студенти ќе можат да го гледаат, ќе те натера да го направиш поквалитетно и без лажирани резултати.
  2. Лесно ќе се примети плагијат. Постојат и софтвери за детектирање плагијати.
  3. Подобро да ја продолжиш и надградиш работата од некој студент отколку да го почнеш истиот проект наново.

ФЛАОП веќе пробал да направи нешто вакво, но без некој значаен успех. Сега и ФСС ќе им се приклучи.

Чекаме ФЕИТ да купи нов сервер. Се очекува нов сервер да стигне во мај.