Веб страна

Подигање Подигање
Форум
Документи
Бруцоши
Настани

Подигање

Страната е подигната во декември 2019 год.

Форум

Идејата е да имаме форум под модераторство на ФСС каде секој студент ќе може да пријави проблем кој го има и да подели по некој совет. Форумот ќе биде користен за ФСС да добие мислење од студентите за својата работа. Ова го сметаме за различно од прашалниците бидејќи на форумот ќе очекуваме конструктивно размислување, а не пристрасно.

Направивме заедница на Редит. Кликни тука и придружи се.

Документи

На веб страната ќе има информации за корисни документи за студентите.

Бруцоши

Информации кои ќе им помогнат на бруцошите побрзо да се вклопат во новиот свет.

Настани

Ќе имаме календар за сите следни настани од интерес за студентите.

Релација ФСС – студенти

Форум
Известување за работата
Прашалници
Помош во работата на ФСС
Електронски избори Електронски избори

Форум

Идејата е да имаме форум под модераторство на ФСС каде секој студент ќе може да пријави проблем кој го има и да подели по некој совет. Форумот ќе биде користен за ФСС да добие мислење од студентите за својата работа. Ова го сметаме за различно од прашалниците бидејќи на форумот ќе очекуваме конструктивно размислување, а не пристрасно.

Направивме заедница на Редит. Кликни тука и придружи се.

Известување за работата

Главно место за известување е веб-страната. Вестите од таму ќе бидат споделувани на фејсбук, инстаграм и редит.

Прашалници

Прашалниците служат за помасовно прибирање на мислињето на студентите. Сите спроведени прашалници ќе бидат јавно објавени.

Помош во работата на ФСС

Ако сакате да помогнете на ФСС, контактирајте некој член или напишете е-порака на fss@feit.ukim.edu.mk

Електронски избори

За да не гласаме на хартија, изборите за новите членови на ФСС ќе ги направиме електронски.

Дигитализација на интеракцијата со ФЕИТ

Хартиени статусни документи
Запишување и заверување семестри
Молби и барања до ФЕИТ

Хартиени статусни документи

Поврзување со uslugi.gov.mk за сите хартиени статусни документи кои ќе ви требаат надвор од ФЕИТ. Тука спаѓаат:

  1. Потврда за редовен студент.
  2. Уверение за предвидени и положени испити.
  3. Уверение за дипломиран студент.

Чекаме ова да се среди преку Iknow по иницијатива на Универзитетското Студентско Собрание. Инаку ќе се ангажира ФСС-ФЕИТ.

Запишување и заверување семестри

Чекаме ова да се среди преку iknow.ukim.mk по иницијатива на Универзитетското Студентско Собрание.

Молби и барања до ФЕИТ

ФЛАОП моментално изработува софтвер за молби и барања за студентите да не ги поднесуваат рачно во Студенската служба.

Релација студенти – студенти

Форум
Веб складише за проекти
Модерна чет платформа

Форум

Идејата е да имаме форум под модераторство на ФСС каде секој студент ќе може да пријави проблем кој го има и да подели по некој совет. Форумот ќе биде користен за ФСС да добие мислење од студентите за својата работа. Ова го сметаме за различно од прашалниците бидејќи на форумот ќе очекуваме конструктивно размислување, а не пристрасно.

Направивме заедница на Редит. Кликни тука и придружи се.

Веб складише за проекти

Идејата е да се направи веб складиште кое ќе ги содржи сите дипломски проекти на студентите. Дополнтелно, секој ќе може да објави што има сработено по некој предмет или што има сработено надвор од факултетот.

Свесни сме дека ова може да ја олесни средина за плагијаторство, но уверени сме дека придобивките од вакво складиште се поголеми.

  1. Ако знаеш дека твојот проект ќе биде објавен на страна каде сите студенти ќе можат да го гледаат, ќе те натера да го направиш поквалитетно и без лажирани резултати.
  2. Лесно ќе се примети плагијат. Постојат и софтвери за детектирање плагијати.
  3. Подобро да ја продолжиш и надградиш работата од некој студент отколку да го почнеш истиот проект наново.

ФЛАОП веќе пробал да направи нешто вакво, но без некој значаен успех. Сега и ФСС ќе им се приклучи.

Чекаме ФЕИТ да купи нов сервер. Се очекува нов сервер да стигне во мај.

Модерна чет платформа

Идејата е да имаме модерна чет платформа слична на Slack и Discord како најпозната. Таму студентите ќе можат да се допишуваат меѓу себе и да се формираат во групи поделени по разни интереси. Секоја група си има своја соба. Овие платформи нудат многу повеќе можности од моментално популарните messenger, instagram, whatsup, viber. Бидејќи ќе биде хостирана на ФЕИТ, платформата ќе биде слободен софтвер, а треба да се одлучиме помеѓу RocketChat и Mattermost како најквалитетни од оваа област. Четот ќе биде под модераторство на ФСС.

Чекаме ФЕИТ да купи нов сервер. Се очекува нов сервер да стигне во мај.