Комисија за животна средина

Комисијата за животна средина се залага за унапредување на квалитетот на животната средина на студентите, како и меѓустуднтско едуцирање за глобалните предизвици поврзани со животната средина. Тимот кој ја сочинува оваа комисија во текот на 2020 година работеше на неколку проекти од кои еден во соработка со останатите факултетски собранија на техничкиот кампус – за уредување на паркот меѓу факултетските згради. Поради COVID-19 активностите на оваа комисија беа паузирани со цел ФСС ФЕИТ соодветно да реагира на кризата. Моментално тимот работи на нови решенија за продолжување на неговата работа во новите околности. Во оваа комисија се добредојдени да се вклучат сите кои гледаат предизвик во проблемите со животната средина и сакаат да придонесат за околината на техничкиот кампус.