Комисија за образование и наука

Комисијата за образование и наука претставува збир од студенти кои се интересираат за наука и унапредување на научните дејствија на студентите на ФЕИТ. Овие унапредувања се остваруваат преку давање совети – базирани на претходни евалуациони анкети за подобрување на наставната програма, организирање и учествување во натпревари, конференции и слични едукативни настани. Тимот кој ја сочинува оваа комисија во текот на 2020 година работеше на нови идеи за настани поврзани со наука кои нажалост поради COVID-19 не се спроведоа. Дел од нив се „ФЕИТ Talks“ и „STEM Games“. Во оваа комисија добредојдени се сите студенти кои бараат дополнително академско развивање во текот на своите студии.