Комисија за култура

Комисијата за култура е задолжена за логистичките подготовки за настаните кои се организираат во текот на годината. Комисијата ги планира и извршува церемонијалните отворања и затворања на настаните. Доколку настанот вклучува гала вечер и/или коктел истиот се планира од членовите на оваа комисија. Исто така членовите на комисијата водат евиденција за сите приходи и расходи и за целата документација потребна за организација на настаните. Тимот кој ја сочинува оваа комисија во текот на 2020 година работеше на постоечките како и на развивање на нови настани. Поради ситуацијата со COVID-19, за жал оваа година не се оддржа ниту еден од поголемите настани. Единствен настан што се оддржа е „Tips and tricks to survive FEIT”. Во оваа комисија се добредојдени да се вклучат сите студенти коишто имаат желба да учествуваат во организирање на настани и кои добро се вклопуваат во тимска работа.