Комисија за апсолвентски работи

Комисијата за апсолвентски работи е наменета за сé што е поврзано со апсолвентите. Тимот кој ја сочинува оваа комисија во текот на 2020 година ја водеше организацијата за сликање на апсолвентите за табло и апсолвентската прослава. Исто така членовите на комисијата навремено направија координација со професорите за начинот на полагањето на предметите кои ги засегаа апсолвентите и термините за бранење на дипломските трудови, сé со цел навремено да дипломираат и успешно да можат да аплицираат за магистерски студии. Во оваа комисија се добредојдени да се вклучат сите студенти кои се апсолвенти.