Кои се начините да стигнам до ФЕИТ?

До ФЕИТ може да стигнете на повеќе начини. Како на пример со велосипед, доколку живеете во близината на Карпош можете пешки и секако можете и со автобуски превоз.

Кои автобуси може да ме донесат до ФЕИТ?

2 Автокоманда – с. Сарај
2а Железара – с. Сарај
4 11 Октомври – Хром
4а Тафталиџе 2 – с. Усје
7 Карпош 3 – Вардарска
11 Транспортен центар – с. Рашче
12 Скопски саем – с. Шишево
15 Ново Лисиче – Карпош 4
19 Карпош 4 – Шуто Оризари
21 Бардовци – Транспортен центар
21а Бардовци – Транспортен центар
22 Транспортен центар – Никиштани
22а Клинички центар – Волково
24 Припор – Тафталиџе 2
59 Карпош 3 – Пазар Бутел

Како да се снајдам на техничкиот кампус?

Каде се наоѓаат предавалните на ФЕИТ?

110 – прв спрат, над деканат
211 – втор спрат, над деканат
223 – втор спрат, над бифето
АМФ – лево од бифето

Што е порталот е-курсеви и што може да се најде на него?

Порталот е-курсеви е врската меѓу професорот и студентот. Тука професорот ќе може да објави кои материјали ви се потребни при учење на одредена проблематика, од типот на решени задачи и примери, испитни прашања, презентации и многу други помагала. На самиот портал има и форум каде што можете да поставите прашање од материјалот, на кое професорот ќе ви даде соодветен одговор.
https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/

Како да стапам во контакт со професорите?

Со професорите може да стапите на два начини. Да ги побарате за време на термините за консултации или пак да им пишете е-маил. Со професорите може да стапите на два начини. Да ги побарате за време на термините за консултации или пак да им пишете е-маил.
https://feit.ukim.edu.mk/staff/

Каде да ги најдам термините за консултации?

Термините за консултации исто така можете да ги најдете на страната на ФЕИТ.
https://feit.ukim.edu.mk/termini-za-konsultacii/

Како наједноставно и најефикасно да го организирам процесот на учење?

Најефикасниот и наједноставниот начин за организација на целиот процес на учење е добрата планска подготовка и редовноста. Еден од најдобрите совети, кој постојано се повторува од страна на професорите е дека оптималното време кое треба да биде искористено во текот на денот е 8 часа корисно време(пишување белешки, слушање предавања, итн.)

Кои информации ги добивам на факултетскиот е-маил?

На факултетскиот е-маил ги добивате сите информации коишто произлегуваат за студентите од факултетот. Односно, добивате информации за истакнати резултати од колоквиуми/испити, исто така добивате и информации поврзани со самата настава на предметите коишто ги слушате во текот на семестарот. Воедно, добивате и информации за настани кои што се случуваат на ФЕИТ.
smail.feit.ukim.edu.mk

Постои ли можност овој е-маил да го поврзам со својот личен е-маил?

Секако дека да, поврзувањето на личниот е-маил со факултетскиот може да го направите на начинот како што е прикажано на сликата подолу.

Каде се наоѓаат студентските прашања?

Студентските прашања се наоѓаат на третиот кат од факултетската зграда.

Кои документи најчесто ми се потребни во текот на студирањето?

Најчесто купувани а и потребни документи се пријавите за испит и пријавите за заверка и упис на семестар. Пријавите за испит ги носите на самото полагање на втор колоквиум или пак на испит. Додека пак, пријавите за заверка и упис на семестар ги поддавате во студентска служба заедно со останатите документи потребни за упис и заверка соодветно. Воедно, во студентската служба може да побарате потврдата за редовен студент или било каква друга потврда која што ви е потребна. Исто така, уверение за положени испити се добива во студентската служба.

Кои се читалните, библиотеките и другите места каде може да се учи во секое време?

Во Скопје има неколку места, наменети за учење. Најпрвин ја имаме нашата читална, која моментално има ограничено работно време. Битни да се напоменат се Градската библиотека “Браќа Миладиновци“ и библиотеката “1000 книги“ во ГТЦ. Интересно место за групно учење и дружба е и кафулето “Public Room”