Hour of Code

Hour of Code преставува едночасовен вовед во компјутерскиот свет и програмирањето, осмислен од code.org, со цел да го демистифицира “кодирањето”, покажувајќи дека секој може да ги научи основите и да го прошири своето знаење за компјутерите и компјутерскиот свет. Учeсниците на настанот ќе имаат прилика, да дознаат нешто повеќе за компјутерските науки и за програмирањето како дел од компјутерските науки и инженерството, поттикнувајќи ги да почнат да учат да програмираат и можеби да се насочат кон оваа гранка и во своите професионални определби.

Настанот е наменет за сите средношколци од прва до четврта година и не е потребно никакво предзнаење, бидејќи материјалите се наменети и за апсолутни почетници, но и за оние кои веќе имаат некакво почетно искуство во програмирањето. Бројката на учесници е ограничена, пред се поради просторните и техничките услови, и е дефинирана на по 6 ученици од секое средно училиште. Сите учесници ќе добијат сертификат за учество на настанот.

The event is finished.

Date

Dec 13 2019
Expired!

Time

11:00 am - 3:00 pm

Local Time

  • Timezone: America/New_York
  • Date: Dec 13 2019
  • Time: 6:00 am - 10:00 am