Бруцошка на ФЕИТ

На почетокот од секоја учебна година, во дворот на Факултетот за електротехника и информациски технологии се оддржува Бруцошката забава на ФЕИТ. За време настанот илјадници студенти и млади луѓе од целата држава, сплотени заедно може да уживаат во фино избрани жанрови на музика, изведени од најдобрите музичари на Македонската сцена.

Бруцошката забава на ФЕИТ е настан со богата и долгогодишна традиција, којшто од самиот почеток е организиран од страна на студентите – за студентите. Како таков, овој настан е најпопуларниот и најпосетениот настан на Факултетот, којшто во последните години бележи се поголем број на посетители. Благодарение на посветеноста и работата на многу генерации на студенти од Факултетот и Универзитетот, Бруцошката забава на ФЕИТ има прераснато во најголемата и најдобрата бруцошка забава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Овој настан во голема мера има придонесено да се постави висок стандард на студентското организирање, таков што за сите студентски форми на организирање како и за секоја идна генерација на студенти остава силен и достоинствен пример. Покрај тоа, Бруцошката забава на ФЕИТ е симбол на дологодишната соработка помеѓу Факултетот и своите студенти и на поддршката што ФЕИТ ја давал на своите студенти.

Поради својот придонес како културна манифестација, во збогатувањето и подобрувањето на студентскиот живот и дух во Републиката како и нејзиниот придонес во поглед на студентското организирање, Бруцошката на ФЕИТ што беше организирана во 2018 година, под името „Трофазно издание – Бруцошка на ФЕИТ“ беше наградена со престижната награда – Златна Бубамара на Популарноста.

The event is finished.

Date

Oct 10 - 11 2019
Expired!

Time

9:00 pm - 1:00 am

Local Time

  • Timezone: America/New_York
  • Date: Oct 10 2019
  • Time: 5:00 pm - 9:00 pm

Leave a Comment