Лекс Електрик е компанија со седиште во Скопје, Македонија, која на пазарот за електро материјали е присутна од 1999 година. Компанијата бележи постојан подем благодарејќи на својата компетентност и посветеност кон купувачите. Зголемувајќи ја својата техничка база, односно своите логистички потенцијали, компанијате е во можност да му понуди на купувачот најадекватно решение за неговите потреби преку директна продажба, како и преку процес на инженеринг и производство на прилагодени разводни системи. Со постојана определба кон квалитетот и иновативноста, Лекс Електрик е застапник на неколку реномирани компании од областа на потрошувачката и индустриската електрика.

Фирмата Лекс Електрик Дооел има потреба од практиканти од
Факултет за електротехника и информациски технологии во времетрање од еден до три месеци (започнувајки од почеток на месец јули).

– кандидатите е пожелно да бидат во последната година од своите студии
– вредни,исполнителни,динамични
– амбициозни,насочени кон резултати
– одговорни и комуникативни
– самоиницијативни со тимски дух

Ние нудиме:
– финансиски стимуланси
– соодветни обуки

Сите заинтересирани лица да испратат маил најдоцна до 25.06. 2021 год.

zaklina.lekovska@lekselektrik.com.mk
maja.rojcinova@lekselektrik.com.mk