scienceatfeit

Почитувани студенти, професори и љубители на науката,

Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на првото издание на Science@FEIТ – настан кој има за цел да го промовира научниот дух меѓу студентите преку запознавање со истражувачката работа на нивните ментори и колеги.

Организиран од страна на Факултетското студентско собрание при Факултет за електротехника и информациски технологии (ФСС-ФЕИТ), настанот се состои од серија онлајн предавања одржани од страна на научници/истражувачи кои се дел од наставниот кадар, алумни или тековни студенти на ФЕИТ.

Веруваме дека вашето присуство на Science@FEIT ќе помогне нашата замисла да прерасне во значајна традиција на Факултетот.

Поради моменталната ситуација со COVID-19, настанот ќе има виртуелна премиера на платформата Zoom.

За да добиете покана преку Google Calendar и да останете во тек со известувањата за предавањата, пополнете го овој формулар: https://forms.gle/HRk5odgsUq7hCzKq5

Ве очекуваме!