hackerman

Факултетското студентско собрание работи на изработка на WEB апликација преку која студентите на нашиот факултет би можеле да остават свое CV кое ќе биде дел од база достапна за компании, со што би им се олеснил процесот на изнаоѓање пракса/вработување.

За изработка на апликацијата решивме да вклучиме 3 студенти, задолжени за development-от, со одлични познавања на PHP ( + Laravel) и 1 студент задолжен за UI/UX. Посветеното време на кандидатите на овој проект ќе им биде признаено како студентска пракса во времетраење од 2 месеци од страна на ФЛАОП.

Сите заинтересирани студенти може да не контактираат на следната e-mail адреса: fssobranie.feit@gmail.com